Големото финале на Светското клупско првенство е закажано за вечерва. Баерн Минхен ќе игра со мексиканскиот Тигрес. Сепак, пред подготовката на натпреварот, доаѓаат лоши вести од Доха, а истите велат дека Томас Милер е позитивен на КОВИД-19! Германецот играше еден час во полуфиналниот натпревар со Ал-Ахли, а секако дека финалниот натпревар нема да го одигра поради позитивниот тест.
Допрва ќе следуваат нови тестови за останатите играчи, но она што може да го комплицира тимот на Ханси Флик е враќањето на Баерн во Германија. Одредбите на локалната самоуправа се јасни, нема привилегии за спортистите – десетдневен карантин е задолжителен за сите кои пристигнуваат од ризични земји. Но, ако тим или поединец имал контакт со корона позитивна личност, тоа значително ги менува работите.
Иднината на Барен од Минхен зависи од тестовите на фудбалерите во тимот, а на агендата покрај финалето со Тигрес, Баерн го чекаат дуели со Арминија и Ајнтрахт во Германија, а на 23. февруари треба да патува за Рим на дуел со Лацио во рамките на осминафиналето од Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

