Бразилскиот фудбалер, Нејмар де Силва Сантос Јуниор, синоќа повторно предвреме го напушти зелениот терен, а ваквите повреди се случуваат веќе четврта последователна година и тоа пред натпреварите од осминафиналето во Лигата на шампионите. Доколку тој биде отсутен од терените, ќе значи дека нема да биде ви тимот за првиот натпревар со Барселона.
Пет дена пред натпреварот на Ноу Камп во ПСЖ се активираше аларм – Нејмар може да го пропушти првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите со Барселона поради повреда. Бразилецот се повреди на синоќешниот натпревар од Купот на Франција по остриот старт на фудбалерот на Каен, па беше принуден да замине во соблекувалната во 59-та минута.
“Тешко е да се каже колку е сериозна повредата. Ќе видиме утре. Тешко е да се зборува за тоа во моментов, ми требаат повеќе информации”, изјави Покетино по мечот.
Од таборот на „светците“ се песимистични во врска со повредата на Нејмар, за што напиша новинарот на Л’Екип, Давид Ајело, синоќа по натпреварот. Според него, иако досега се извршени само површни прегледи, францускиот клуб не ја исклучува можноста „проклетството“ на Нејмар да им се случи по трет пат во последните четири години.
Имено, Бразилецот, откако пристигна на „Паркот на принцовите“, само еднаш беше целосно подготвен за двомечот од осминафиналето во Лигата на шампионите. Во првата сезона, во 2018 година, против Реал Мадрид, тој одигра само натпревар на „Сантијаго Бернабеу“, бидејќи го повреди зглобот на мечот со Марсеј пред реваншот. Следната година, тој воопшто не играше против Манчестер Јунајтед. Поради скршеница на метатарзалната коска на крајот на јануари на мечот со Стразбур, во Купот на Франција, исто како и оваа година, тој мораше да ја гледа елиминацијата на неговиот тим на „Паркот на принцовите“, втора по ред, од трибините.
Сепак, љубителите на фудбалот повеќе не веруваат во постојаните повреди на Нејмар, кои секоја година се вообичаени пред роденденот на неговата сестра на 11 март. Дали е случајност, проклетство или намерност, останува искрено да одговори само Нејмар.
View this post on Instagram
كاس فرنسا | باريس سان جيرمان 1 × 0 كاين | فيديو اصابة نيمار ??? HD
Via : @if24hd_ pic.twitter.com/LudRdk534n
— F24 (@NaomaMeredith5) February 10, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

