Гатузо пред отказ: Елмас и дефинитивно добива нов тренер?

Наполи по поразот од 3-1 против Аталанта го заврши своето учество во Купот на Италија, а синоќешниот пораз може да биде пресуден за отказ на Гатузо од клупата на наполитанците.

Покрај елиминацијата од Купот, тимот од Неапол има два пораза во последните три кола. Гатузо ги загуби дуелите од Џенова и Верона, а токму главниот тренер на „Мастифите“, Иван Јуриќ се споменува како еден од потенцијалните кандидати за замена на тренерското место.

Покрај Јуриќ, се споменуваат и Винчензо Италијано од Специја, екс тренерот на Интер, Луциано Спалети и Рафа Бенитез кој е главен кандидат за нов тренер на Елмас. Шпанецот е без ангажман, пред крајот на годината го заврши својот престој во кинеската лига па лесно може да се врати на „Сан Паоло“.

Се вчитува...