Полошкиот дуел меѓу Тетекс и Гостивар – без победник, „штофарите“ засилени со Демири

Пријателскиот натпревар меѓу Гостивар и Тетекс заврши без победник, 1-1.

Гостивар поведе во 25. минута, а стрелец на единствениот гол за Тетекс беше Ринор Ајдини во 55. минута. „Штофарите“ пред дуелот донесоа уште едно засилување за пролетниот дел од сезоната, 25-годишниот напаѓал Хусеин Демири од косовски Призрен.

Демири доаѓа во Тетекс до крајот на сезоната. Во кариерата покрај за Призрен, има настапи и за Дуќагини и Феризај во Косово, како и за Шкупи, Македонија ЃП, Работнички и Велазерими во македонскиот шампионат.

Се вчитува...