Пелистер се соочува со огромни проблеми на самиот почеток од вториот натпревар со Татабања откако битолскиот суперлигаш во раната фаза од мечот остана без помошта на Томислав Кушан.
Хрватскиот пивот не реализираше зицер во нападот, а потоа во обид да се врати во одбрана падна на средина од теренот, жалејќи се на силна болка во пределот на грбот. Клупските лекари веднаш се обидоа да му помогнат, но со оглед на агонијата на Кушан беше повеќе од јасно дека проблемот е сериозен.
Десетина минути подоцна, Хрватот на носилки беше изнесен од теренот, со надеж дека повредата не е толку страшна колку што изгледаше во прв момент.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

