Шкупи со екстра-засилување: Репрезентативецот на Гвинеја, Мамадуба нов напаѓач

Шкупи продолжува со засилувањата за пролетниот дел од сезоната, јасно давајќи до знаење дека се цврсто решени во атакот кон шампионската титула.

Чаирчани, како што пренесува „Албспорт“, деновиве се очекува да го официјализираат трансферот на репрезентативецот на Гвинеја, Мамадуба Бангура.

20-годишниот Мамадуба веќе има шест настапи за националниот тим на Гвинеја, а според информациите Шкупи за него ќе плати 100.000 евра.

Се вчитува...