Проблеми без граници – Наполи без уште двајца првотимци за дербито со Јувентус

Џенаро Гатузо се соочува со огромни проблеми поради слабите резултати на Наполи, а згора на тоа тренерот на „наполитанците“ од ден на ден има се поголеми главоболки и поради отсуството на се повеќе првотимци.

По вчерашниот куп-дуел со Аталанта и елиминацијата од ова натпреварување Гатузо остана без уште двајца првотимци, десниот бек Хисај и играчот за врска Деме. Прегледите покажаа дека повредите не се премногу сериозни, но во секој случај двајцата нема да можат да настапат на саботното дерби со Јувентус.

Само за потсетување, Гатузо за овој меч поради коронавирус нема да може да смета на Гулам и на Кулибали, повредени се и Манолас и Мертенс, така што стратегот на Наполи ќе има големи проблеми да го избере составот за мечот на кој пораз ќе значи и отказ за него.

 

Се вчитува...