Претседателот на Олимписки игри кои треба да се одржат оваа година во Токио, Јоширо Мори си поднесе оставка на последната состанок на Извршниот одбор за организирање на Олимпијадата.
Поранешниот премиер на Јапонија на состанок на Олимпискиот одбор изјави дека жените премногу говорат, што предизвика жестоки реакции и критики во Јапонија и останатите држави.
„Моите непримерни коментари предизвикаа големи проблеми, жал ми е. Поднесувам оставка од позицијата претседател“ – кратко изјави Јапонецот, притоа нагласувајќи дека најважно е Олимписки игри во Токио да бидат успешни.
Оставката на Мори доаѓа шест месеци пред почетокот на Летните олимписки играчи, па со тоа се отвара нов сомнеж за одржување на истите оваа година. Новиот претседател на Извршниот одбор за организирање на Олимпијадата ќе биде познат наскоро, а истиот ќе има тешка задача да организира сигурни игри на кои во екот на пандемијата на коронавирус ќе се соберат илјадници натпреварувачи, а можно е присуство и на навивачи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

