„Вардарци“ максимално активно – ако е можно, барем малку, да се надополни загубеното (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Вардаровите фудбалери максимално активно ги продолжуваат тренинзите за, каква-таква, подготовка за неделниот натпревар против Пелистер во Скопје на стартот од пролетната сезона во Првата македонска фудбалска лига.

Новиот шеф на стручен штаб, Никола Илиевски – Џиџи, заедно со асистентите ќе се обидат да надополнат нешто, ако е тоа воопшто можно, од загубеното со задоцнетиот старт на подготовките.

Но, и покрај се, вардаровите фудбалери нагласуваат дека ќе го дадат максимумот токму на дуелот против Пелистер да се извлече позитивен резултат како мотив повеќе за продолжена потоа активност и дополнителна подготовка од натпревар на натпревар…

 

 

Се вчитува...