Сензацијата на сезоната, новалијата ТФТ се наоѓа пред потпис со Брендан Бејли, син на поранешниот центар на Јута Џез и освојувачот на НЦАА лигата во 1983 година, Турл Бејли. Доскорешниот играч на Универизтетот Маркет го делат само формалности од пристигнување во македонското првенство, а ќе биде од голема помош за составот на Боро Смилковски во битката за Суперлига и дуелите во БИБЛ лигата.
Станува збор за крилен играч висок 203cm кој во претходната сезона бележеше просек од 7.1 поен и 5.2 скока со реализација од 38% зад линијата 6,75. 22-годишникот со составот од Тафталиџе ќе потпише договор кој ќе важи и следната сезона, со што „црно-белите“ полека го составуваат ростер и за сезоната 2021/22.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА