Филип Кузмановски го победи коронавирусот

Ракометниот репрезентативец на Македонија, Филип Кузмановски, го победи коронавирусот и наскоро ќе се врати на терените во дресот на Хановер.

Кузмановски беше позитивен веднаш по враќањето во Германија, по настапот за македонската репрезентација на СП 2021 во Египет. Тој немаше симптоми, но по позитивниот тест изминатите десет дена ги мина во самоизолација.

По добиените два негативни резултати Кузмановски доби зелено светло за враќање во тренажен процес, па се очекува експресно да се најде во тимот на Хановер при настапите во Бундес-лигата.

Се вчитува...