Серена Вилијамс се пласираше во осминафиналето од Австралија Опен откако очекувано стигна до победа над Русинката Анастасија Потапова со 7-6 и 6-2. Деведесетата победа на Американката остана во сенка на нејзиниот изглед на теренот, кој ги „запали“ социјалните мрежи.
Американката се одлучи да настапи во комбизон од необични бои и дизајн, а ја одушеви јавноста за несекојдневниот изглед, кој е во знакот на починатата атлетичарка Флоренс Џојнер.
„Сакавме да направиме нешто ново, инспирарано од „Фло-Џо“, голема атлетска ѕвезда. Она носеше ваков комбизон со поголемо деколте, но јас не го сакав тоа зошто не сакав да добијам казна. Сфатив дека е најдобро малку повеќе да ја покријам ногата“ – изјави Вилијамс по мечот.
.@serenawilliams bringin’ that FloJo energy Down Under ✨ pic.twitter.com/S4p9cFFJzJ
— espnW (@espnW) February 8, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

