Новак Ѓоковиќ уште еднаш го покажа феноменалниот победнички карактер откако по голема битка успеа да слави над Американецот Тејлор Фриц со 3-2 во сетови и да се пласира во третата рунда од Австралија Опен.
Српскиот тенисер почна во посакуваниот ритам, добивајќи ги првите два сета со 7-6 и 6-4. И кога се чинеше дека победата ќе биде максимална, Ѓоковиќ почна да се мачи со повредата на колкот, што го оневозможи да се движи онака како што посакува по теренот. Фриц знаеше како да го искористи тоа и експресно израмни на 2-2, добивајќи ги следните два сета со 3-6 и 4-6.
И повторно како многу пати претходно во кариерата, Ѓоковиќ „воскресна“ кога му беше најтешко, го доби последниот сет со 6-2 и се пласираше во третата рунда.
Следен ривал на Ѓоковиќ ќе биде Милош Раониќ, кој славеше на својот дуел со Фучович со 3-1 во сетови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

