Нора Мерк по единаесетте операции на колената конечно доби добра вест – повредата заработена на последниот натпревар меѓу Кристијанштад и Ростов Дон не е од посериозна природа.
Мерк со солзи во очите седеше на клупата за резерви на натпреварот против Ростов Дон, по што се чинеше дека станува збор за нова сериозна повреда на извонредната норвешка репрезентативка. Сепак, деталните лекарски прегледи покажаа дека не станува збор за проблем со лигаментите.
„Повредата не е толку страшна колку што се мислеше во прв момент. Нема никаков проблем со лигаментите, ќе следи кратка пауза бидејќи има течност во коленото, но паузата воопшто нема да биде долга“, информираа од стручниот штаб на Кристијанштад.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

