Чурлинов опериран, го чека најмалку една недела пауза

Еден од најперспективните македонски фудбалери, Дарко Чурлинов ќе отсуствува од терените најмалку една недела откако денеска беше опериран по повредата на носот со која се здоби на тренингот на Штутгарт. 20-годишниот крилен играч со сигурност ќе ги пропушти дуелите против Херта и Келн, но се очекува набргу да се врати на тренинзите.

Како што изјави неговиот тренер, Пелегрино Матерацо, македонскиот репрезентативец од следната недела ќе се врати во тренажниот процес со специјална маска.

„Чурлинов го оперираше скршениот нос и во следната недела ќе добие карбонска маска. Тој секако нема да биде во конкуренција и за мечот со Келн во 22-то коло, но после тоа мислам и се надеваме дека ќе може потполно да се врати на тренинзите“ – изјави тренерот на Штутгард.

Се вчитува...