На десет одиграни натпревари изминатава ноќ во НБА лигата воопшто не недостасуваа возбудувања. А, беше одбележена од извонредниот Лука Дончиќ.
Во победата на Далас над Њу Орлеанс од 143-130, Дончиќ постигна 46 поени што за него е нов рекорд во кариерата. Дополни и со 12 асистенции и осум скока.
Никола Вучевиќ беше одличен во победата на Орландо над Сакраменто од 123-122. Со 42 поени беше најзаслужен за 17. победа на својот тим.
Руди Хобер и Џо Инглс со по 27 поени ја водеа Јута до триумф над Милвоки од 129-115. За гостите не помогна ниту партијата на Јанис Адедокумбо кој заврши со 29 поени.
НБА РЕЗУЛТАТИ:
Далас – Њу Орлеанс 143-130
Шарлот – Минесота 120-114
Вашингтон – Њујорк 91-109
Атланта – Сан Антонио 114-125
Бостон – Детроит 102-108
Чикаго – ЛА Клиперс 106-125
Денвер – Оклахома 97-95
Јута – Милвоки 129-115
ЛА Лејкерс – Мемфис 115-105
Портланд – Кливленд 129-110
Сакраменто – Орландо 112-123
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

