Екипите на Еурофарм Пелистер 2 и Тиквеш ремизираа 25-25 во пријателскиот натпревар што го одиграа попладнево во Битола. Оваа пресметка донесе две сосема различни полувремиња, откако во првите триесет минути Тиквеш одигра фантастично во одбраната, прими само осум гола и на одмор замина со убедлива предност од 8-15.
Советите на тренерот Јовиќ дефинитивно вродија со плод бидејќи вториот тим на Пелистер заигра многу подобро во вторите 30 минути, успевајќи да се врати во мечот што на крајот заврши без победник.
Талевски беше прв стрелец на Пелистер 2 со седум гола, пет постигна Петровиќ, додека најефикасни во редовите на Тиквеш беа Симиќ со шест и Смиљаниќ со пет погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

