Џенова продолжува со позитивните резултати во Серија А, овој пат ремизирајќи без голови на гостувањето против Торино во 22. коло.
Во главно израмнет натпревар, најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев го одигра првото полувреме во стартниот тим на Џенова. На почетокот од второто полувреме беше заменет од Шомуродов.
Џенова, по овој бод, со 25 бода е на 11-та позиција во италијанскиот шампионат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

