И раководството на струшкиот фудбалски прволигаш Струга Трим Лум не е задоволно од висината на добиениот ваучер од Агенцијата за млади и спорт. Сето тоа е причина за реакција и на првиот човек на клубот, Арбтрим Ќира, кој во обраќањето до јавноста се прашува како е можно фудбалските клубови да добиваат многу помали средства од ракометните, кошаркарските или одбојкарските.
РЕАКЦИЈАТА НА АРБТРИМ ЌИРА ВИ ЈА ПРЕНЕСУВАМЕ ВО ЦЕЛОСТ:
Како спортски претставник од ФК СТРУГА ТРИМ ЛУМ изразувам големо незадоволство околу распределбата на средствата (ваучери) од страна на Агенцијата за млади и спорт. Гледајќи ја ситуацијата и кризата предизвикана од пандемијата, еден од секторите на кој Владата воопшто не помогна е спортот. Беше предупредено дека е време да му се помогне на овој сектор со ветувања од политичари и директори, но како и секогаш само празни зборови.
Еден начин да му се помогне на спортот (иако не е идеален) е ваучерскиот систем за спорт, но се чини дека и ова не фунционира како што треба. И дополнително плус системот на поделба на средства е многу конфузен.
Исто така, поради различните ветувања и заложби за помош на спортот од страна на разни официјални лица поради пандемијата, се очекуваше финансиската помош да се зголеми оваа година, но место да се зголеми износот на поделената помош, изненадувачки тој износ се намали. Има многу неодговорени прашања за министри, спортски советници и директорот на агенцијата, но сакам да поставам само три:
- Како е можно во време на пандемија кога спортските тимови генерално вработуваат илјадници луѓе и плаќаат и многу повисоки плати отколку што плаќа државата, па дури и приватните компании, наместо да се помогнете да се зголеми финансиската помош преку ваучери вие и ја намалувате таа помош. Зарем спортот не е важен во оваа земја?Зарем не е доволно што илјадници семејства земаат плата од спортски клубови во земјава?
- Како е можно фудбалот со многу повеќе тимови и многу поактивни играчи од сите други спортови да добива помош преку ваучери (2.260.000 евра) слично како и ракомет (2.334.000 евра) или кошарка (2.015.000 евра) со многу помалки активни играчи?Според поделените ваучери, во просек фудбалски тим (вкупно 167 екипи) добива помош од 13.000 евра додека ракомет (вкупно 54 екипи) и кошарка (вкупно 42 екипи) над 45000 евра и одбојка (21 екипа) над 27.000 евра? Скромна фудбалска екипа од Прва лига вработува најмалку 50 лица што верувам дека е поголема бројка од кој било друг тимски спорт. Нели ова разлика е срамна?
- И на крај едно прашање за мојот сограѓанин од Струга, Наумче Мојсоски (и неговите спортски советници). Како спортист што си бил, како е можно во спортска лига што промовира еднаквост и еднаква конкуренција, еден тим да има помош од агенцијата од 200.000 евра и друг 50,000 евра? Како би се чувствувал ти како ракометар да се бориш против тим кој на почетокот има четири пати поголема помош од државата? Нели барем помошта на државата према клубови треба да биде ако не еднаква, слична за сите да почнуваме од исто место? Немам ништо против другите спортови или против индивидуални поединци, но сегашниот систем на државна помош, не само што е недоволен, не е лош за еднаква конкуренција и со лоши осмислени критериуми, особено за фудбалот, каде што еден пример за исполнување на бодовите за ваучер е учеството во Лига на Шампиони или за повеќе бодови да се достигне до полуфиналето на Лига на Шампиони што може да се замисли за ракометот, но за фудбалот е смешен како критериум.
Се надевам дека ќе ги земате предвид нашите незадоволства и ќе го промените овој начин на функционирање и да му се помогни на спортот за да се зголеми квалитетот на сите спортови низ целата земја и да се соочи достоинствено на натпреварите во Европа. Да се радуваме почесто за успесите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

