Севилја стигна до нов триумф во шпанската Ла лига откако во 23. коло ја совлада Хуеска со минимални 1-0. Херој за тимот од „Санчез Пискуан“ беше поранешниот член на Барселона, Мунир ел Хадади кој го постигна победничкиот погодок во 57. минута.
Со триумфот Севилја се врати на 3. позиција на првенствената табела со 45 бода, додека Хуеска останува зацементирана на последното место со само 16 освоени бода.
Sevilla 1-0 Huesca – GOAL! Al-Haddadi ?pic.twitter.com/w5z3YXdgy6
— ???? ????? (@Fastgoal2) February 13, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

