Андреа Пирло беше разочаран од судискиот критериум на дербито со Наполи, откако Јувентус загуби со 1-0 со пенал за кој тренерот на „старата дама“ тврди дека бил прелесно досуден.
Кјелини го удри Рахмани во лицето, по што судијата покажа на белата точка, а Инсиње го реши победникот, но Пирло тврди дека ваквите контакти се вообичаени при прекините.
„Ако свирнете пенал за тоа, секој контакт во шеснаесетникот би бил казнив со пенал. Една работаа сум сигурен, ако свирнеа ваков пенал за нас, ќе беше опасно… Имаше неколку чудни одлуки, не само пеналот, туку и заслужениот втор жолт картон на Ди Лоренцо што судијата немаше храброст да го покаже. Очигледен е различниот критериум кога се натпреварите на Јувентус во прашање, бидеќи по секоја одлука во наша корист се прави кампања како судиите се за нас“, истакна Пирло.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

