Милан го доживеа и третиот пораз сезонава во Серија А. „Миланезите“ неочекувано загубија со 2-0 на гостувањето од Специја, по што оставија простор Интер да го запоседне утре првото место на табелата по 22 кола.
Специја до предност дојде со голот на Маџоре во 56. минута.
#SpeziaMilan
Spezia 1-0 Milan – GOAL! Maggiora ?pic.twitter.com/TmgQGQsEr8— ???? ????? (@Fastgoal2) February 13, 2021
Во 67. минута одличен погодок за 2-0. По краткото проигрување од слободен удар, Бастони извонредно шутираше од 18 метри.
#SpeziaMilan
Spezia 2-0 Milan – GOAL! Bastoni ?pic.twitter.com/kbGASrIiNs— ???? ????? (@Fastgoal2) February 13, 2021
Милан остана на 49 бода, два повеќе од Интер но и натпревар повеќе од „нераѕурите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

