Германскиот тенисер Александар Зверев без никакви проблеми си обезбеди место во четвртфиналето на Австралија опен победувајќи го во три сета Србинот Лајовиќ.
Седмиот носител на турнирот триумфираше со 6-4, 7-6 и 6-3.
Во четвртфиналето се пласираше и втората носителка во женска конкуренција, Симона Халеп која се мачеше против Ига Свјатек од Полска, но и покрај тоа што го загуби првиот сет со 3-6, успеа да ги добие следните два со 6-1, 6-4.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

