Се знаеше и порано, но сега е официјално Дајот Упамекано е нов играч на Баерн. Всушност, Упамекано ќе игра во дресот на Лајпциг до крајот на сезоната, а од 1 јули 2021 година и официјално ќе стане дел од тимот на Минхен.
Францускиот стопер и славниот германски клуб потпишаа соработка до 30 јуни 2026 година.
“Среќни сме што успеавме да го донесеме Дајот Упамекан во Баерн. Дајот ќе биде многу важна компонента за нашиот тим во следните години, убедени сме во тоа”, изјави спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ.
22-годишниот француски репрезентативец беше поврзуван со многу тимови пред Баерн, но гиганот од Минхен на крај успеа да ја добие битката за овој млад талент. Во тековната сезона Дајот има 26 настапи со еден гол и асистенција за Лајпциг, каде беше еден од клучните играчи и каде го привлече вниманието на „баварците“.
ℹ #FCBayern have agreed to sign Dayot #Upamecano from 1st July 2021 ?
? https://t.co/h1HtzEKVDG#MiaSanMia
— ???FC Bayern English??? (@FCBayernEN) February 14, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

