Рома без проблеми со Удинезе, пет минути игра за Несторовски (ВИДЕО)

Рома без проблеми дојде до победа од 3-0 против Удинезе во 22. коло од Серија А.

Победата на „волчицата“ беше најавена уште во 5. минута со голот на Верету, а истиот фудбалер веќе во 25. минута од пенал зголеми на 2-0.

Раните два погодоци се покажаа сосема доволни за три бода на римјаните, кои во 93. минута преку Педро заокружија за конечни 3-0.

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски во игра влезе во 85. минута, но без посериозна можност за загрозување на противничкиот гол до крајот на натпреварот.

Се вчитува...