Јунајтед ‘одигра’ за Сити: Кикс на „црвените ѓаволи“ со ВБА (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед киксираше на гостувањето против ВБА во 24. коло од Премиерлигата, отворајќи ги дополнително патот за Манчестер сити кон шампионската титула.

„Црвените ѓаволи“ одиграа само 1-1 против аутсајдерот кој прв поведе уште во 2. минута со голот на Сенегалецот Мбаје Диане.

 

Бруно Фернандеш во 44. минута единствено успеа да донесе реми за својот тим.

Манчестер јунајтед сега со 46 бода е на седум бода заостанување зад Сити, а има и натпревар повеќе.

Се вчитува...