Очајно полувреме на Алиоски и Лидс, хет-трик на Обамејанг за триумф на Арсенал (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски и неговиот Лидс одиграа очајно прво полувреме кое пресуди за поразот од Арсенал од 4-2 (3-0) во 24. коло од Премиерлигата.

Со три гола во првиот дел, два на Обамејанг и еден на Белерин, Арсенал дојде до 3-0 што значеше и сигурна победа.

 

Во вториот дел, Обамејанг во 47. минута заокружи со хет-трик, а во продолжение Лидс со головите на Паскал Струијк во 58. минута и Коста во 69. минута успеа единствено да го ублажи поразот.

Алиоски настапи до 53. минута на дуелот, кога беше заменет со Хагинс.

Се вчитува...