Тренерот на ПИК Сегед, Хуан Карлос Пастор, искажа задоволство од победата против Вардар (26-28) која дојде со пресврт на мечот во СЦ „Јане Сандански“.
„За нас, ова се важни поени. Тешко е да се победува во Скопје, добро го знаевме тоа. Почнавме добро, но потоа имавме проблеми со пивотот во првиот дел. Вардар, пак, одигра одлично прво полувреме. Ние во финишот влеговме поконцентрирани, иако реално натпреварот можеше да заврши и без победник.Во секој случај секогаш е задоволство кога ќе се победи против тим како Вардар“ – изјави Пастор на прес-конференцијата по мечот.
Следен натпревар за унгарскиот тим е за четири дена во Лигата на шампионите, повторно против Вардар, но на домашен терен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА