Феноменалниот Лукаку го однесе Интер на врвот во Серија А (ВИДЕО)

Интер е нов лидер во Серија А, откако во 22. коло славеше со 3-1 во дерби-пресметката против Лацио, притоа искористувајќи го вчерашниот пораз на Милан од Специја.

Ромел Лукаку е херојот на „нераѕурите“ завршувајќи го натпреварот со два погодоци и една асистенција. Лукаку двапати стрелаше во првиот дел, во 22. минута од пенал и потоа во 45. минута.

Во второто полувреме, Лацио намали преку Ескаланте во 61. минута, но во 64. минута Мартинез ги постави конечните 3-1, на асистенција на Лукаку.

Интер сега е на врвот во италијанскиот шампионат со 50 бода, еден повеќе од второпласираниот Милан.

Се вчитува...