Солскјер: Нема да се задоволиме со второто место, ќе го предизвикаме Сити

По фантастичната серија на крајот на претходната и почетокот на оваа година, Манчестер Јунајтед се наоѓа во резултатска криза откако „црвените ѓаволи“ освоија само бод на гостувањето против ВБА (1-1), што е трето реми во последните четири меча. Клубот од „Олд Трафорд“ сега се наоѓа на втората позиција на табелата со седум бодови помалку од водечкиот градски ривал, кој притоа има и натпревар помалку.

Тренерот на Јунајтед, Оле Гунар Солскјер истакна дека неговиот тим нема да се откаже од борбата за титула, поготово во една ваква сезона кога се е можно.

 

„Реков дека не треба да говориме за титула, но никој нема да се откаже од неа во оваа фаза од натпреварувањето. Сезоната е непредвидлива, животот е непредвидлив, многу може да се промени. Секако, ни ние нема да се задоволиме со второто место. Моите момци заслужуваат комплименти бидејќи се најдоа на оваа позиција. Ние сме тим кој е најблиску до Сити и треба да го предизвикаме. Нема да дозволиме да се извлечат така лесно, но треба и ние да победуваме“ – изјави Солскјер.

Погледите на Манчестер Јунајтед сега се насочени кон Лига Европа каде во нокаут фазата избраниците на Солскјер ги очекува дуел со Реал Сосиедад.

 

Се вчитува...