Серхио Рамос (34) сигурно ќе го напушти Реал Мадрид на крајот од сезоната, бесплатно откако ќе му истече договорот на крајот на јуни. Капитенот на „кралевите“ не успеа да дојде до договор за нова соработка со претседателот на Реал, Флорентино Перез, па ова значи дека на лето ќе замине од Мадрид.
Шпански „Ел Чирингито“, тврди дека имало неповратен раздор помеѓу клубот и капитенот. Информацијата е емитувана околу два часа по полноќ од недела кон понеделник.
Реал со месеци преговара со својот капитен, и двете страни никако не можат да се договорат и се далеку од било каков договор за продолжување на соработката. Реал не нуди договори на играчи над 30 години повеќе од една година и не сакаше да ја смени таа политика дури и за Рамос. На капитенот му е понудени договор на уште една година со плата од 10,8 милиони евра или десет проценти помалку од сега, поради кризата во светот и мерките за штедење.
Рамос ќе го напушти Реал Мадрид по 16 успешни години во кралскиот клуб. За него се интересираат скоро сите европски великани. ПСЖ, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед и Ливерпул би сакале да го видат во своите редови.
?”RAMOS SE VA. No hay marcha atrás”
?¡ATENCIÓN a @jpedrerol en #ChiringuitoRamos! pic.twitter.com/BOJrC2JFlW
— El Chiringuito TV (@elchiringuitotv) February 15, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

