Промашувањата на кои со право може да им се даде епитетот на невозможното, се ретки. Сепак, тоа не значи дека не можат да се случат, а за ова потврдува и еден ракометен натпревар во Данска, во кој ракометарка успеа да промаши празен гол, па сите останаа вчудоневидени.
Имено, една од ракометарките не успеа да реализира акција од контранапад, иако сметаше дека рутински ќе погоди празна мрежа. Таа шутираше силно од девет метри на празен гол, но наместо во мрежата ја погоди гредата.
По ваквото промашување, евидентна беше и големата нервоза кај нејзиниот тренер, кој почна да ја имитира ракометарка како се движела кон противничкиот гол, погледнете!
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА