Горан Пандев го очекува пауза од фудбалските терени по повредата што македонскиот ветеран ја заработи на последниот калчолигашки дуел со Торино.
Пандев по одличниот настап против Наполи повторно доби шанса од првата минута од тренерот Балардини, но македонскиот репрезентативец се пожали на болка во мускулот и мораше да биде заменет на паузата. По деталните прегледи е утврдено дека станува збор за истегнување на мускулот од втор степен, по што ќе следи пауза од најмалку дваесет дена.
Ова значи дека Пандев ќе го пропушти домашниот меч со Верона, потоа гостувањето во Милано против неговиот поранешен клуб Интер, како и градското дерби со Сампдорија.
Џенова со серијата од шест меча без пораз се искачи на единаесеттото место на табелата, бегајќи од опасната зона во битката за опстанок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

