Пеп: Сакам да имам играчи како Роналдо и Меси

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, изјави дека би сакал да има играч „кој може сам да го реши натпреварот“, но дека е исклучително горд на својот тим оваа сезона. „Граѓаните“ во саботата го совладаа Тотенхем со 3:0. Тоа беше нивна 11-та последователна победа во Премиер лигата, па ваквите одлични резултати им донесе и лидерско место во Англија.

Тимот од „Етихад“ во моментов е прв на табелата во Премиер лигата со седум бода повеќе и натпревар помалку од Манчестер Јунајтед и Лестер.

„Немаме играчи кои можат сами да го одлучат натпреварот, немаме фудбалери од тимот на Меси, Роналдо, Мбапе или Нејмар. Ние мораме да се бориме како тим. Да бидам искрен, би сакал да имам играч кој ќе постигнува четири гола на секој натпревар. Но, јас не би менувал ниту еден фудбалер од тимот што го имам оваа сезона. Одличните фудбалски клубови се докажуваат во тешки времиња. Кога работите одат добро, за секого е лесно“, заклучи Гвардиола.

Инаку, следниот натпревар Сити го игра против Евертон во среда.

Се вчитува...