Јувентус загуби значајни бодови со поразот од Наполи, а Андреа Пирло се соочи и со нов проблем – поради повредата на Хуан Квадрадо. Колумбиецот поради болка во мускулот мораше да биде предвреме заменет на мечот во Неапол, а деталните прегледи покажаа дека проблемот не е нималку наивен и Квадрадо ќе мора да мирува најмалку 15 дена од терените.
Ова значи дека офанзивниот бек ќе го пропушти наредниот меч од осминафиналето од Лигата на Шампионите против Порто, како и следните две средби од Серија А против Верона и Кротоне. Ова е втор сериозен проблем за Пирло во краток период, откако стратегот на Јуве остана без помошта на Бразилецот Артур.
Добра вест е што Леонардо Бонучи е подготвен за настап против Порто, но Пирло ниту за овој меч ќе го нема на располагање Пауло Дибала, кој се пожали на нова болка во коленото на еден ден пред дербито со Наполи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

