Франческо Тоти шеташе по улиците на Рим, но кикој не го препозна (ВИДЕО)

Легендарниот Франческо Тоти никој не можеше да го забележи додека шеташе по улиците на Рим. Поранешниот капитен на Рома и икона на Рим се облекол добро за да се заштити од студот и како таков никој не го забележа. Секако, за тоа многу придонесе заштитната маска што ја носеше на лицето.

Чекорејќи мирно, како најобичен човек, а не „светец“ на Рома и легенда во тој град, Тоти излегол да се прошета. Ако беше лето, а Тоти немаше толку многу работи на себе, ќе беше тешко и еден метар да помине без некој да го поздрави или запре.

„Како никогаш порано можете да ги доживеете студот, маската, капата и Рим“, напиша братот на Тоти, Анџело Мароцини, во описот на видеото.

Тоти зимската опрема на себе ја искористи за прв пат да прошета мирно, без гужви од фановите и уживање во прошетка со најблиските. Тој изјави дека се’ има своја предност, но дека сака ова лудило што е можно побрзо да заврши, па конечно заеднички да се дружи со фановите.

Се вчитува...