Тричковски го матираше Богатинов, Мојсов – „поцрвене“, пет Македонци на терен (ВИДЕО)

АЕК Ларнака славеше со 3-1 против Етникос Ахна во натпревар од кипарскиот шампионат на кој се најдоа и пет македонски фудбалери на двете страни.

Иван Тричковски го постигна десеттиот погодок во дресот на АЕК сезонава отворајќи го резултатот на денешниот дуел за 1-0 уште во 19. минута…

Даниел Мојсов, исто така, настапи од првата минута за АЕК Ларнака, но не го дочека крајот на дуелот откако заработи два брзи жолти картони и исклучување во период од 64. до 72. минута.

Репрезентативецот Стефан Спировски во игра влезе во 75. минута во составот на АЕК. Во спротивнииот табор, Мартин Богатинов беше на голот а Јован Костовски во игра влезе во 68. минута.

Се вчитува...