Вест Хем стигна до 13 победа во Премиерлигата откако славеше на домашен терен против Шефилд Јунајтед со 3-0. Избраниците на Дејвид Мојс ја осигураа предноста уште во првото полувреме, а во второто дополнително ја зголемија.
Натпреварот го отвори Деклан Рајс со погодок од пенал во 40. минута од средбата по прекршокот во казнениот простор над Лингард, Иса Диоп ја зголеми предноста по корнер во 58. минута, додека натпреварот го заклучи Рајан Фредерикс во 96. минута.
Standings provided by SofaScore LiveScore
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

