Вернер даде гол по 100 дена, Челси го победи Њукасл

Челси продолжува со добрите натпревари под водство на Томас Тухел, па по победата над Њукасл со 2-0 во 24. коло, победничката серија на „сините“ сега изнесува четири во низа со што лондонскиот состав се искачи на четвртата позиција на табелата.

Оливие Жиру го отвори натпреварот во 31. минута, а веќе до полувремето тимот од „Стемфорд Бриџ“ ја зголеми предноста на 2-0 по погодокот на Тимо Вернер кој за Германецот е прв по 827 минута „пост“.

 

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...