Навас има кошмари од „Камп Ноу“, како против Меси и компанија

Кејлор Навас освои се што можеше да се освои додека настапуваше за Реал Мадрид, но кошмарни за костариканскиот голман секогаш беа големите дерби-пресметки со Барселона.

Токму одличниот чувар на мрежата ќе биде еден од главните адути на ПСЖ на вечерашната мега-пресметка на „Камп Ноу“, во обид да ги избрише лошите спомени од каталонскиот храм на фудбалот. Статистичарите пресметаа дека Навас досега 13 пати гостувал на „Камп Ноу“ (како член на Леванте и на Реал Мадрид), при што дури 28 пати ја вадел топката од сопствената мрежа.

Најубедливиот пораз во кариерата Навас го има претрпено токму од Барса на „Камп ноу“, каде седум пати ја вадеше топката од мрежата во поразот од 7-0 во сезоната 2013/2014.

Како член на Реал Мадрид тој одигра десет средби на овој стадион, триумфирајќи трипати, но мора да се истакне дека две од овие три победи беа во Супер-купот на Шпанија. На последните три средби во Ла Лига на кои настапи на голот на Реал, Навас претрпе три порази, притоа примајќи вкупно десет погодоци (4-0, 3-2, 3-0).

Се вчитува...