„Ковачиќ е феномен, морам да го смирувам да не тренира премногу“

Челси игра како препороден по доаѓањето на Томас Тухел на клупата на „сините“. По шест одиграни натпревари клубот од „Стемфорд Бриџ“ не знае за пораз и има одлична гол разлика од 8-1. Последниот триумф беше остварен на домашен терен против Њукасл, натпревар кој избраниците на германскиот стратег го добија со 2-0, а играч на натпреварот беше Матео Ковачиќ.

Хрватскиот интернационалец имаше 96% точни додавања (87/91), највеќе допири на топката од сите играчите на теренот (108), доби највеќе дуели (11), а имаше и шест одземени топки. Покрај тоа играчот за врска креираше две големи шанси, два пати шутираше кон противничкиот гол и имаше осум од осум успешни дрибинзи, па по натпреварот Tухел не го криеше задоволството за блескавата партија на одличниот Хрват.

„Го обожавам. Да го разбудите во три часот наутро, тој во 3:15 би бил во Кобхам подготвен за тренинг. Морам да го смирувам на тренинзите да не работи премногу. Задоволство е да го имате во составот“ – изјави Германецот.

Се вчитува...