Влада Седам е популарна спортска новинарка и ТВ водителка во Украина, која покрај Дилета се смета за една од најубавите водителки на спортски програми. Покрај тоа таа е и девојка на играчот на Манчестер Сити, Олександар Зинченко.
Зинченко е „пулен“ на Пеп Гвардиола, па како што вели Влада, менаџерот на „граѓаните“ е и тема на разговор во „домашната атмосфера“.
„Зинченко бележи се што Гвардиола ќе му каже. Тој црта промени на тактики, запишува иновации и моменти од тренинзите. Дома имаме еден голем бележник, голема мапа во која се запишува. Се што бележи, дели и со мене. Понекогаш кога ми ги објаснува работите, а кога не можам да ги разберам идеите, ми објаснува до три пати“ – низ смех раскажа Влада.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

