Американката Серена Вилијамс се пласираше во ново полуфинале на Австралија опен, а овој пат преку победа на една од фаворитите за титулата, Симоне Халеп. Иако славеше победа по освоени два сета, таа истакна дека сепак се чувствува уморно од последниот дуел со Сабаленка.
Серена изјави дека физички многу се потрошила во претходниот меч, но желбата за нова титула е нејзината главна мотивација да собере сила и да не се предава.
„Беше тешко, особено по толку исцрпен дуел. Се уште се опоравувам од тој меч, но задоволна сум од прикажаната игра денес. Само се обидувам да се фокусирам на следниот предизвик, се надевам дека ќе издржам до крај“, рече Вилијамс.
Следниот предизвик на Серена е Наоми Осака, која знаеше да и создаде сериозни проблеми во минатото.
„Таа е многу силен и квалитетен играч. Наоми игра одлично. Има добар сервис, одлично враќа удари, силна е во секое поле“, изјави Вилијамс.
Големата шампионка е позната по тоа што ја користи публиката како главна мотивација, а сега и голем недостатокот заради отсуството од трибините, па ова може да биде сериозен хендикеп за неа. Но, Вилијамс изјави дека ги гледа и добрите страни од целата оваа ситуација која е поттикната од светската криза.
„Сакам да играм кога публиката е на трибини. Но, во исто време, кога се соочувате со притисок, далеку е подобро кога нема публика“, заклучи Серена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

