Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфинале на Австралија опен откако во четвртфиналето беше подобар од Германецот Александар Зверев со 3-1, по сетови (6-7, 6-2, 6-4 и 7-6). Првиот рекет на светот го изгуби првиот сет во тај-брејк, но со феноменална игра во следните три сета успеа да се пласира во ново полуфинале на првиот гранслeм во сезоната.
Во полуфиналето Ѓоковиќ ќе се сретне со руската сензација Аслан Карасев кој во првото четвртфинале беше подобар од Григор Димитров со (2-6, 6-4, 6-1 и 6-2).
Ѓоковиќ е најуспешен тенисер во Мелбурн со осум титули на Австралија Опен, а српскиот ас сега се наоѓа на две победи од деветтата круна на овој гранслем турнир.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

