Вардар со стартот на подготовките во Охрид во очекување на пролетниот дел од шампионатот во Првата македонска фудбалска лига конечно го одигра и првиот пријателски натпревар за време на зимската пауза.
„Црвено-црните“ по минатонеделниот почеток на подготовките во Скопје, денеска се преселија во Охрид каде веднаш одиграа тест-дуел со третолигашот Воска од Охрид и ремизираа 1-1 (0-0).
Вардар поведе со голот на 16-годишната голема надеж Георг Стојановски на почетокот од второто полувреме, а Воска израмни во 75. минута од натпреварот за конечни 1-1.

Новиот шеф на стручниот штаб на Вардар, Никола Илиевски – Џиџи натпреварот го стартуваше со поискусните фудбалери кои останаа во клубот, Илиќ, Велковски, Лазаревиќ, Најденов, Мирчевски, Петковски, Блажевски…, поддржани од помладите првотимци Реџепи, Ѓуркоски, Стојановски… Во второто полувреме шанса добија и сите младинци кои се на подготовките на охридското крајбрежје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

