Барса е на колена: ПСЖ поведе со 1-3 на „Камп Ноу“

ПСЖ се наоѓа на работ на пласман во четвртфиналето од Лигата на Шампионите откако „светците“ поведоа со 1-3 во второто полувреме од првиот осминафинален дуел со Барселона.

По израмнетите 1-1 во првиот дел, вторите 45 минути минуваат во доминација на гостите, кои успеаја да ја крунисаат иницијативата со нови два погодоци.

Мбапе одлично се снајде по една одбиена топка и го доведе францускиот тим во водство, францускиот ас потоа промаши одлична шанса за хет-трик, за само неколку минути подоцна Кеан да го матира Тер Штеген за веќе убедлива предност од 1-3 на „Камп Ноу“.

Се вчитува...