ФОТО НА ДЕНОТ: Мбапе, може ли бројот на Ел Келаифи?

Лео Меси ја отвори серијата голови вечерва на „Камп Ноу“, но капитенот на Барселона во тој момент не можеше ниту да претпостави дека мечот ќе се претвори во гол-шоу на Килијан Мбапе, кој стана првиот гостински играч во историјата кој постигна хет-трик на „Камо Ноу“ во нокаут-фазата од Лигата на Шампионите.

Фотографијата јасно ги покажува фрустрациите на Меси, кому уште еднаш му стана јасно дека со овој тим на Барселона е предалеку од атак на трофеи.

Фаворит во трката за негов ангажман е токму ПСЖ, а денешната демонстрација на моќта на „светците“ е само уште една потврда за сериозноста на овој проект, нешто што Меси го бара при изборот на клуб со кој би освои уште некој трофеј пред да ја заврши кариерата.

Се вчитува...