ПСЖ го доби првиот двомеч од осминафиналето во Лигата на Шампионите против Барселона со 4-1, благодарение на хет-трикот на Килијан Мбапе и погодокот на Моис Кин, додека на спротивната страна единствениот гол за каталонците го постигна Меси кој реализираше од пенал.
За оваа средба Покетино не можеше да смета на услугите на Нејмар, но Бразилецот брно го следеше натпреварот. Притоа се огласи и на социјалната мрежа Твитер кога во 26. минута Френки де Јонг беше срушен го казнениот простор на парижаните, а судијата Кујперс покажа на белата точка.

„Смешка од пенал“ – напиша Нејмар, кој подоцна ја избриша објавата. Напаѓачот на ПСЖ поради повреда ќе го прошушти и ревашот, кој е закажан за 10 март.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

