Пирло ја сака ѕвездата на Тотенхем – Јувентус го одврзува ќесето

Јувентус ќе биде активен во летниот трансфер период, а за ова сведочи и заинтересираноста кон Сон Хеунг-Мин (28) од Тотенхем, кој тимот од Торино го гледа како големо засилување во нападот. Офанзивниот играч од Јужна Кореја е еден од најдобрите фудбалери во Премиерлигата, па „старата дама“ би понудила околу 90 милиони евра за услугите на овој напаѓач.

Договорот на Сон со „Спарс“ истекува летото 2023 година, а според постојниот, тој заработува нешто повеќе од 150 илјади евра неделно. Во Јувентус, тој ќе добие значително зголемување на платата и ќе ја има една од клучните офанзивни улоги заедно со Кристијано Роналдо.

„Калциомеркато“ пишува дека италијанскиот шампион ќе мора да се ослободи од богатите договори на играчите како Арон Ремзи, Даглас Коста и Федерико Бернардески. Нивната продажба би собрала доволно пари за купување на Сон. Хеунг-Мин постигна 17 голови оваа сезона, и има девет асистенции во сите натпреварувања на Тотенхем.

Се вчитува...