Поранешниот претседател и кандидат за нов претседател на Барселона, Жоан Лапорта, доколку победи на изборите, најави дека ќе даде се од себе да го задржи Лионел Меси во клубот. Иако заминувањето на Меси од Барселона на крајот од сезоната станува се поизвесно, поранешниот претседател на овој клуб верува дека работите можат да се променат.
Лапорта беше искрен пред медиумите, па тој кажа дека Лео е машина за пари, а приходот од него е важен за клуб како Барселона.
“Ќе дадам се од себе да го задржам Меси во Барселона. Меси треба да се третира со љубов што ја заслужува. Понудата треба да биде финансиски вредна, но дури и да остане, тоа нема биди за пари. Го познавам добро, имам добри односи со него. Тој не е од оние што се тука за парите. Се разбира, ќе биде потребна конкурентна понуда од спортска гледна точка, бидејќи тој е победник, тој сака повторно да победува со Барселона и да освојува нови титули“, рече Лаопорта.
Жоан посочи дека репрезентативецот на Аргентина воопшто не ја чини пари Барселона, имајќи во предвид дека клубот од Каталонија многу повеќе заработува, отколку што троши на Меси.
“Меси чини околу 8% од вкупните трошоци, но генерира 30% од приходите на клубот. Лео е голем профит за Барселона и приходот што го носи е многу важен за клубот. Тој носи повеќе отколку што е потрошено за него”, изјави Лапорта.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

